(ВИДЕО) Судар на два авиони на Wizz Air на аеродром во Романија

Два авиони на Wizz Air се судрија во вторник попладне на аеродромот „Ștefan cel Mare“ во Романија.

Вториот авион на унгарскиот превозник кој учествуваше во инцидентот и требаше да лета за Бергамо, бил паркиран на платформата на аеродромот и во него немало патници.