(ВИДЕО) Се капел во зоолошка покрај носорози и антилопи, уапсен маж од Нов Зеланд!

Маж е приведен денеска во Зоолошката градина во Оукленд, Нов Зеланд, откако упаднал во заграден простор за животни и лежерно се капел во езерце покрај „вџашените“ и вознемирени носорози и антилопи, јавија тамошните медиуми. Снимки од случката прикажуваат како човекот лежи во водата на грб, па си го мие лицето и косата.

– Животните, разбирливо, беа вџашени од натрапникот, изјави гласноговорникот на Зоолошката.

Ограденото место е живеалиште на носорози и антилопи со спирален рог. Човекот бил во вода „неколку минути“ пред да одговори на инструкциите на вработените да излезе од ровот. Истиот бил изнесен вон оградата и предаден на полицијата.

Директорот на зоолошката градина Кевин Були рече дека „многу му олеснало“ зашто нема повредени животни и посетители.