ВИДЕО од хулигани кои се тепаа на третолигашки натпревар пред очите на деца

Во третолигашката конкуренција во Хрватска оваа сабота се сретнаа Сесвете и Марсонија, а натпреварот го одбележа инцидент на трибините.

Натпреварот од Втората фудбалска лига (која всушност е трет ранг на фудбалот во Хрватска) помеѓу Сесвете и Марсонија го одбележа тепачка на трибините.

Во еден момент дојде до пресметка четири на еден – четворицата се свртеа на еден и го претепаа. Додека го удираа, дури и додека лежеше на подот, во позадина се слушаа детски гласови.

Децата кои биле на неколку метри ја гледале оваа грда сцена. Инаку, натпреварот заврши со победа на домашната екипа од 7:1, но поради овој немил настан резултатот сепак беше во втор план.