Видео од апсењето на убијците на српскиот Ескобар

Стефан З.(28) и Лука В.(26), кои беа уапсени за убиството на Ранко Радошевиќ Ескобар, со силни полициски мерки штотуку се изнесени од станот во Нов Белград каде што се криеле.

Како што дознава „Блиц“, претресот на станот бил завршен, со присуство на сведоци. Како што дознаваме понатаму, тие го изнајмиле споменатиот стан преку оглас.

Како што може да се види на видеото од местото на настанот, со лисици од станот се извадени две млади момчиња. Едно од нив видно куца. Младите момци се облечени во спортска облека, додека еден е облечен во розови влечки.

Уапсените ќе бидат спроведени во Полициска станица. Полицијата извршила претрес во станот каде бил пронајден и пиштол. Пред зградата има голем број полицајци, а како што можете да видите на фотографиите забележливи се вооружени специјалци со фантомки.
Покрај двајцата, во станот било пронајдено и малолетно девојче, кое е осомничено за соучесништво. Уапсените имаат досие и од претходно им се познати на надлежните органи.

Да потсетиме, Радошевиќ беше убиен на 9 март кога беше застрелан додека седел во кафуле на бензинската пумпа во Рушње. Ескобар беше познат како водач на кланот Никшиќ, кој тесно соработува со кланот Шкалјар. Неговото име се споменуваше и по апсењето на кланот Беливук, кога едно од пронајдените возила беше поврзано со Радошевиќ.