Борисов и Петков утре ќе седнат на маса за формирање на влада во Бугарија

ГЕРБ-СДС и ПП-ДБ ќе одржат лидерска средба во потрага по консензус за темите кои влијаат на агендата на државата и општеството во контекст на претстојното доставување на првиот мандат за формирање на валада во Бугарија. Средбата е закажана за 25 април 2023 година, вторник, во 10:30 часот во салата „Запад“ на Народното собрание (НА), соопшти прес-центарот на ГЕРБ.

На почетокот на протоколарни снимки ќе бидат поканети претставниците на медиумите, а по средбата ГЕРБ-СДС ќе се произнесе и ќе одговара на прашањата на медиумите, прецизираат од партијата.

Оваа недела ГЕРБ-СДС на состаноци ќе ги покани и лидерите на другите парламентарни партии застапени во 49. Народно собрание, информираат и од прес-центарот на ГЕРБ.

Претходно денеска Росен Желјазков, претседател на Народното собрание и пратеник од ГЕРБ-СДС изјави дека најприродно во актуелната политичка ситуација е да се има лидерска средба. „Прво да има лидерска средба. Се додека не помине дистанцираното зборување и не седнеме да разговараме очи во очи, се е можно“, посочи претседавачот на Народното собрание.

„Треба да има искрен разговор со сите лидери и политички групи во парламентот. Има исклучително многу предизвици“, коментира претседателката на ПГ на ГЕРБ-СДС, Десислава Атанасова.

„Сите опции се можни и сите опции не се исцрпени“, категорична беше таа.