А1он информира: Таткото на киднапираниот Самоил: Нудиме парична награда за било каква информација – 20 дена не знаеме каде е

„Не изгубив точак, туку дете, и по 20 дена не знаеме каде е, што се случило со него, зошто?“, вели за А1он, таткото на исчезнатиот Самоил.

Автомобилот со кој исчезнатиот 26-годишен Самоил Костадиновски, се превезол до почетокот на населбата Припор, од каде му се губи секаква трага на 3 март, стои паркиран во дворот на семејната куќа и само ја зголемува агонијата на неговото семејство кое нема буквално никаква информација каде е Самоил и што се случило со него.

Неговиот татко Љупчо Костадиновски за А1он вели дека нудат и парична награда за информација во врска со исчезнувањето на неговиот син. Вели немаат буквално никаква вест ниту од Обвинителството ниту пак од неговите пријатели.

„Молк од сите страни, а него се уште го нема. Не изгубив точак, изгубив дете и се што барам е информација што се случило и каде е мојот син“, вели Љупчо Костадиновски.

Љупчо е брат на Виолета, сопругата на Љубе Бошкоски, а исчезнатиот Самоил е нејзин внук. Поради ова во јавноста силно одекна веста за неговото киднапирање.

Полицијата уапси две лица, обвинителството ги истражува во врска со грабнувањето и поради тоа се во 30-дневен притвот, но иако поминаа 20 дена се уште нема никаква информација каде е Самоил.

Што се случувало и до каде е истрагата погледнете во анализата на „Скен“

Извор: А1он